Повиците за зголемување на надоместокот за невработени стануваат се погласни по објавата на новиот извештај за социјална помош.
Студијата која ја спроведе финансискиот гигант Deloitte пронајде дека зголемување на надокнадите за невработени за 75 долари доведе до поттикнување на австралиската економија и регионалните заедници. Австралискиот совет на социјалните служби (ACOSS) нарача да се изработи овој извештај за да се види економското дејство на програмата Newstart и останатите надокнади.
Извршната директорка на ACOSS, Cassandra Goldie изјави дека „извештајот го потврдува тоа што веќе го знаеме за зголемување на надокнадите”. „Инјекцијата од неколку милиони долари во регионалните заедници ќе создават нови работни места, ќе се зголемат платите и заработувачките како и приходите на оние кои спаѓаат во пет отсто од жителите со најниски примања” – вели таа.
„Зголемувањето на надокнадите низ програмата Newstart и надокнадите за млади ќе донесат корист на секоја заедница во Австралија, особено во регионалните центри во кои ситуацијата е тешка” – додава таа.
„Ги повикуваме сите политичари на федерално ниво да направат тоа што е добро за заедницата и итно да ја зголемат исплатата за невработените низ програмата Newstart и надокнадите за млади за 75 долари неделно”.
David Rumbens од компанијата Deloitte вели дека извештајот покажува дека со зголемување на надокнадите би имало „низа просперитетни дејства” кои би ја поттикнале економијата и би вработиле голем број лица.
„Овој чекор би значел и дополнителни 12.000 лица да почнат да работат во 2020/2021 година, иако овие резултати со текот на времето ќе избледат” – вели.