Конзулот Бети Коруновска со Демирхисарци

По инцијатива на управата на Културно социјалното друштво Демир Хисар  се одржа средба со генералниот кунзул на Република Македонија во Мелбурн, госпоѓа Бети  Коруновска.

Средбата се одржа во прекрасните простории на Шелдон рецепцијата  наменети само за вакви пригоди. На средбата беа прусутни над  стотина членови. На  влезот во салата конзулот и нејзиното семејство беа пречекани од три девојчиња облечени во народна носија од демирхисарско, а во рацете држеа погача, вино и прекрасен букет цвеќе.

Конзулот је пресече погачата и го отвори виното за здравје и добредојде меѓу нас и им се обрати  на присутните со краток говор.
“Не се опишува со зборови чувството да си меѓу своите. Ова вечер засекогаш ќе ја паметам.”
Потоа таа се осврна на целите и задачите на нејзината работа во наредните четири години. Беа поставени повеќе прашања, а најмногу Демирхисарци се интересираа за вадење на македонски пасоши. Изненади фактот што од пристуните дури триесет имаа македонски пасоши а вечерта се запишаа уште дванаесет.

По говорот Коруновска се сретна со повеќе менаџери и  бизнисмени од нејзиниот роден крај. Разговорите продолжија во пријатна и опуштена атмосфера се до полноќ.
 
Славчо Трајковски

Останати вести