Спиете во оваа поза? Затоа имате кошмари во сонот!

Дали неодамна сте се разбудиле нималку одморени и испотени по тешката ноќ исполнета со кошмари?

Можеби е виновна позата во која спиете иако на тоа, најверојатно, последно би помислиле.
Сепак, научните истражувања покажале дека, ако спиете на левата страна, веројатно во текот на ноќта ќе имате кошмари.
Непријатните соништа ќе ве вознемират и ќе ви го оневозможат квалитетниот ноќен одмор. За да го спречите тоа, свртете се на другата страна (десната) бидејќи, научниците тврдат, ако спиете на десната страна ќе имате чувство на сигурност и поквалитетн сон.
Овие заклучоци се добиени со проучувањето на резултатите од учесниците во истражувањето. Се покажало дека 40 отсто испитаници кои спиеле на својата лева страна имале вознемирувачки соништа и кошмари, во споредба со само 14,6 отсто од оние кои се одлучиле да спијат на својата десна страна.
Лицата кои спиеле на стомак имале најквалитетен и најпријатен сон.
Истражувањето го водел авторот на студијата Келвин Каи-Чинг Ју, од Универзитетот во Хонг Конг.
– Ова истражување покажа дека квалитетот на сонот и содржината на она што го сонуваме може да биде условено од положбата во која спиеме – рекол Каи-Чинг Ју.

Останати вести