Иако никој не сака насилни или лоши сонови, сепак тие играат многу важна улога во зачувувањето на менталното здравје.
На секого барем еднаш во животот му се случило да сонува дека паѓа, дека некој го брка или убива, по што се будиме во состојба на паника и воздивнуваме кога ќе сфатиме дека ништо од тоа всушност не се случило.
Во видеото „The Good Side of Bad Dreams” се објаснува дека кошмарите можат да служат како некој вид емоционално ослободување, благодарејќи на кое се намалува нивото на секојдневниот стрес и анксиозност.
– Обично она што најмногу не загрижува на јаве продолжува да не загрижува и во сонот. Потсвеста ги прави апстрактните стравови во приказни кои се јавуваат како кошмари, се наведува во видеото.
Еве како се функционира: Мозокот го претвара стравот во паметење во вид на кошмар. Ова е корисно бидејќи е многу полесно да се соочиме со мемориите кои претставуваат нешто што се случило во минатото, отколку со „магловита” анксиозност во врска со светот кој не опкружува.
Доколку спаѓате во оние осум отсто лица кои од време на време се соочуваат со кошмари, не треба да се грижите бидејќи тоа е само начин на кој вашиот мозок ги остава стравовите зад вас.