Косово доби легитимитет од УЕФА, Србите во неверица

Европската куќа на фудаблот не изгласа ЗА промена на статутот на Косово според кој членка на УЕФА може да биде само земја која е дел од Обединетите нации, меѓутоа и покрај тоа на крајот првите луѓе на конгресот во Будимпшешта одлучија Косово да биде најнова, односно 55-та членка во европската фудбалска заедница.

Ваквата информација ја пренесе УЕФА преку официјално соопштение на својата официјална веб страна, што во превод значи дека фудбалската репрезентација на Република Косово набрзо ќе стане членка и на ФИФА (на претсојниот конгрес на 13 мај), а крајниот епилог ќе биде играње на квалификациите за СП во 2018 година.
На конгресот во Будимпешта, 28 члена гласале ЗА, 25 ПРОТИВ и два биле воздржани, а тоа автоматски и даде легитимитет на УЕФА официјално да го прогласи Косово за најнов член во европското фудбалско семејство.
Претседателот на српскиот фудбалски сојуз не ја прифати ваквата одлука, потенцирајќи дека членството на Косово во УЕФА е голем удар, односно сериозно вмешување на политиката во спортот.
– Се плашам дека сериозно е вмешана политиката во спортот. Како претседател на фудбалскиот сојуз на Србија, не го бранам само суверенитетот и територијалниот ингетритет на мојата земја од фудаблот, во исто време го бранам фудбалот од политиката, – изјавил Томислав Караџиќ.

Останати вести