Kожата може да ви изгори и додека одите на работа или седите покрај прозорец

Сe уште не користите кремови за заштита од сонце? Мислите дека се многу штетни или дека не ви е потребна бидејќи имате добар тен?

Сепак, повеќето случаи на карцином се развиваат на површините што се редовно изложени на сонце или на ултравиолетово зрачење, а бројот на заболени од меланом во светот, најсмртоносниот од сите видови рак на кожа, во последните 30 години двојно се зголемил и продолжува да расте.
За да го добиете максимумот од шишето со крем експертите препорачуваат средствата за заштита да се применуваат секојдневно. Ако се мачкате со крем кога сте на плажа или на базен, најверојатно не го применувате тоа доволно често. Всушност, повеќето оштетување на кожата од сонцето е случајно од попатно изложување на сончевата светлина, на пример, кога одите на работа, па дури и само од седење до прозорец.
За да бидете соодветно прекриени со кремот за сончање, мачкањето набрзина со малку крем не е доволно. Секое парче од изложената кожа мора да биде намачкан секојдневно. Ако користите лосион за сончање, треба да нанесете отприлика полна чаша за ракија за да ја покриете целата кожа, односно да ја нанесете основната покривка. Со малку крем може да се заштити кожата ако за одење до работното место ги намачкате вратот и рацете. Ако, пак, користите спреј, пред да го втриете, уверете се дека сте ги испрскале сите делови. Без оглед на тоа колку богато сте го намачкале телото и добро сте го втриле кремот првиот пат, постапката ќе треба да се повтори ако мислите да поминете неколку часа на сонце. Повторно намачкајте се на секои два часа, а ако пливате и се потите, тоа правете го почесто.
Постојат различни информации за тоа кој заштитен фактор обезбедува соодветна заштита. Некои дерматолози сметаат дека СПФ 15 е доволен за секојдневна употреба, а 30 за деновите што ги поминувате на плажа. Но овие ставови се менуваат, па лекарите и за секојдневна употреба препорачуваат дневен крем со широк спектар на заштита од сонце со фактор 30 илипоголем. Но не постои потреба за фактор 100, бидејќи разликата меѓу кремот со СПФ 30 и со СПФ 100 е незначителна.
Само затоа што кожатa е покриена со облека, не мора да значи дека е заштитена од сончевите зраци. Освен ако не носите облека отпорна на сончевите зраци, обичната нема да биде доволна за заштита од сонцето. На пример, маичка со бела боја има СП фактор 7, но ако се навлажни, факторот паѓа на 3. Затоа за најдобра заштита секогаш треба да се користи крем иоблека, а пожелно е да најдете сенка и да го избегнувате најсилното сонце.
Имате цела домашна аптека со производи за заштита од сонце, а ги собирате уште од 2013 година? И покрај тоа што е полесно да се мисли дека не ви треба ново шише додека старото не се испразни, реалноста е малку поинаква. Поголемиот дел од кремовите имаат рок на траење од две години, ако се чуваат на ладно и суво место. Но ако се чувани на топло, кремот гоменува составот и е помалку ефикасен.
Одлично е тоа што вашата шминка има заштитен фактор, но тоа навистина не е доволно. На пример, можно е да не нанесувате ист слој на различните делови на лицето. Од друга страна, шминката ретко се става на вратот и рамената. Исто така за дополнителна безбедност, хидрантен крем со заштитен фактор нанесете пред шминкање.
Лековите што ги земате може да ве направат чувствителни на сонцето, што значи дека полесно и ќе изгорите. На пример, антибиотикот „доксициклин” или производите за тело што содржат ретинол ја прават кожата почувствителна на сонце, па затоа треба да се компензира со фактор најмалку 30, а кремот треба почесто се применува.

KРЕМОВИ ЗА ФИЗИЧКА И ЗА ХЕМИСКА ЗАШТИТА

Постојат два вида кремови за заштита од сонцето – за хемиска и за физичка заштита. Хемиските функционираат така што ги апсорбираат сончевите зраци, а физичките, поради тоа што содржат цинк или титаниум оксид, ги одбиваат. Заради максимална ефикасност, хемиските кремови треба да се нанесуваат пред кој било друг производ, и тоа 30 минути пред излегувањеза да се впијат целосно, а физичките може да се нанесат по другите кремови за тело и имаат дејство веднаш по апликацијата.
Шведски научници во текот на 20-годишно истражување заклучиле дека е доволно секој ден да се сончате од 5 до 10 минути за да внесете доволно количество витамин Д. Kремовите за сончање навистина го блокираат влезот на овој витамин во организмот, но затоа сигурно немаме континуирана заштита од сонцето во текот на целиот ден.

Останати вести