Владината коалиција понуди краен рок за избори до 5 јули

Последната седмица од вонредната состојба неминовно одминува а политичките лидери во земјата се уште абер не даваат дали ќе биде постигнат консензус околу новиот датум за избори.

Сценариото на владејачката СДСМ е познато: штом престане вонреднат состојба продолжуваат изборните рокови онаму каде што беа прекинати со владината Уредба, при што изборите треба д бидат на 22-от ден (21 јуни). Опозициската ВМРО-ДПМНЕ има најдалечни планови за одржување на изборите – 13 август додека сите други политички партии кои доаѓаат на лидерските средби кај претседателот Стево Пендаровски лицитираат датуми во јули.
По се изгледа последниот предлог за компромис на владејачката коалиција ќе биде избори на 5 јули.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во вторникот имал телефонски разговори со политичките лидери и партнери на владејачката и предизборната коалиција, која го усогласила токму овој термин.
Со ова, СДСМ и коалиционите партнери имаат за цел првично да и дадат на ДИК 35 дена да се подготви за изборниот процес и да го исполнат барањето на ВМРО-ДПМНЕ.
А во врска со правните дилеми за тоа како ќе биде поставен новиот датум на избори, се дознава дека претседателот на Собранието ќе ја промени одлуката за изборите на 12 април со изменување и дополнување на административниот документ.
Вонредната состојба, која истекува на 30 мај, нема да продолжи.
Од СДСМ велат дека сега е важно датумот на изборите да биде поставен пред 30 мај, така што роковите за изборите да започнат на 31 мај.
Сега останува да видиме какви барања ќе постават од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи е јасно оти за нив главна цел беше по никоја цена да не се дозволат избори на 14 јуни. Инаку на сите им е јасно дека без разлика кога ќе бидат изборите – во јуни, јули или август – вирусот и натаму ќе биде присутен.

Останати вести