Барателите на азил кои пристигнаа во Австралија со бродови, мораат да побараат бегалски статус до 1 октомври или ќе бидат депортирани, рече министерот за имиграција Питер Датон.
„Во Австралија престојуваат 7,500 луѓе кои илегално со бродови дојдоа во земјата и се уште не го докажале својот бегалски статус. Нема да дозволиме во задолженост во која се наоѓаме да упаѓаме во уште поголема задолженост, плаќајќи социјална помош за луѓе кои не се вистински бегалци” – рече Датон. Некои баратели на азил стигнале до австралиските брегови пред пет години, според соопштението од канцеларијата на Датон.
„Очекуваме луѓето кои не можат да го потврдат своето барање за заштита, да ја напуштат нашата земја, што е можно побрзо” – рече Датон.
Австралија со години ги користи притворите во Наура или островот Манус во Папуa Нова Гвинеа каде ги држи илегалните мигранти и барателите на азил кои до земјата дојдоа со брод.