Ненадеен крај на кариерата на Наумоф

Ветувачката кариера на младиот фудбалер со македонско потекло Крис Наумоф, кој потпиша договор со шпанскиот тим C.D. Numancia, наеднаш заврши со објавата за итен престанок од фудбалот на австралискиот интернационалец заради генетички проблем со срцето.

Во изјавата до The World Game, Наумоф ја потврди одлуката да ги заврши професионалните денови и ја откри причината. За време на лекарските тестови приметена е абнормалност на срцето. После консултацијата со кардиолог во Мадрид, и во консултација со професор Кристофер Самсариан во Сиднеј потврден е генетски проблем кој носи ризик за ненадеен срцев удар, посебно кај професионалните атлетичари за време на напор.
Наумоф од 2013 година има одиграно 55 натпревари за Сиднеј ФК во А–лигата, купот за ФФА и Азискиот Шампионат, а исто така и настапи за репрезентацијата на Австралија под 20 и 23 години возраст.

Останати вести