Фирмата “Carman’s” од Австралија основана е во 1992 година. Каролин Кресвел, тогаш 18 годишна студентка, ја купи малата компанија во која работела скратено работно време. Вредноста на нејзината компанија денес се проценува на $60 милиони, а медиумите ја нарекуваат „Кралицата на муслите”.
Компанијата во 90-те години со мусли снабдувала неколку кафулиња и продавници во Мелбурн. „Неверојатно е каде се може животот да те одведе. Еден ден ми велат дека ќе ја загубам работата, бидејќи сопствениците мораат да ја продадат фирмата. Веднаш помислив дека би можела да ја купам. Мојата понуда од 1.000 долари на крај ја прифатија и Carman’s се роди” – рече Каролин, која компанијата ја купи со пријателката и соработничка Мана Ван Акер, а името Carman’s настана со комбинација на првите три букви на нивните имиња. Без разлика на нивниот младешки ентузијазам, беше тешко да се зголеми продажбата, па Мана две години подоцна ја напушти фирмата. Но, Каролин беше одлучна да успее, во 1997 година компанијата направи долга пауза кога Coles, најголемиот ланец продавници во Австралија, почна да произведува свои мусли. „Не се плашев од тешка работа. Првите неколку години навистина беше тешко, но успеав затоа што не сакав да се откажам.” – вели Каролин. Паралелно со работата во својата фирма, таа ги продолжи своите студии. Рано наутро пред предавањата испорачувала нарачки, а за време на паузата за ручек, ги вршела административните работи. Од кога дипломирала, Каролин се уште немала доволно пари, па во исто време половина работно време работела во супермаркет. Признава дека од време на време и било тешко и не гледала излез од ситуацијата. Но, благодарејќи на задоволните клиенти, почнала да расте продажбата на нејзините мусли, особено кај независните продавници и кафулиња. Каролин немала доволно пари за реклама, па нејзината мајка и помогнала со необична маркетинг иницијатива, стоела пред продавници и гласно на луѓето им зборувала колку се добри муслите на нејзината ќерка. По пет години компанијата почнала да ги снабдува супермаркетите Coles. Каролин тогаш се уште немала формално вработени, а и помагал сопругот Пит. Денес компанијата има 25 вработени во своето седиште во Мелбурн и уште 160 луѓе во производствените погони. Со житарките за доручек и други производи снабдува над 3,000 продажни места ширум Австралија, а извезува и во 32 земји во светот. Иако никогаш не зажалила поради својата одлука да ја одржи Carman’s, сепак вели дека пропуштила многу забавни и младешки искуства. Така на пример, никогаш не одела на забави и патувања со пријателите, а се прашува дали нејзините години пречеле во почетоците на работата на компанијата. „Успехот можеше да се случи малку побрзо да бев позрела” – смета Каролин.