Крис Балаловски се зачлени во Европско Австралиската Бизнис Комора

Крис Балаловски, почесниот конзул на Македонија скоро беше примен како член на Австралиско Европскиот бизнис совет кој е непрофитен корпоративен форум во Сиднеј.

Оваа организација им овозможува на бизнисмените инволвираност во дијалогот околу економските и јавните полиси со Австралиските и Европските политички лидери, високи претставници, дипломати и бизнис делегации. Конзулот Балаловски се надева дека членството ќе му овозмужи да ги промовира подобностите за инвестирање во Македонија од тукашните бизниси од разни сектори, за да се зголеми годишната трговска размена од сегашните околу 12 милиони долари.
Трговската размена помеѓу Австралија и Европската Унија е околу 110 милијарди на годишно ниво, а вкупниот ниво на директни инвестиции е над 1,7 трилион долари.

Останати вести