Наплив од мигранти, епидемија од шверцери

Балканската мигрантска рута повторно е раздвижена, секојдневно расте бројот на бегалци од Блискиот Исток, кои сакаат да стасаат во земјите на ЕУ, откако настапи затишје по избувнувањето на пандемијата со коронавирусот во април годинава.

Македонската полиција во периодот од јануари до август 2020 година регистрирала 50 кривични дела „криумчарење мигранти”, за што се пријавени вкупно 64 сторители. Мигрантите ја користат територијата на Македонија само за транзит до крајната дестинација, а речиси една третина од вкупниот број мигранти фатени во земјава се од Пакистан, но има и од Авганистан, Иран, Сирија, Ирак, Индија и од други држави.
Во март, април и мај годинава се фатени 3.047 мигранти, бројка која е двојно помала од истиот период лани. Во полицискиот билтен е забележан и случај кога двајца гевгеличани се обиделе нелегално да пренесат дури 142 мигранти, но криумчарите побегнале. Полицијата ги открила мигрантите во возило кое со голема брзина се движело на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на граничниот премин со Грција. Кога полицијата се упатила да го запре камионот возачот го сопрел возило и избегал.

 

Останати вести