Илегален ланец за криумчарење тутун

Илегална операција на криумчарење тутун во центарот на источното предградие на Мелбурн е откриена со истрага на пограничната полиција (Au­stra­lian Border Force – ABF). Над милион цигари во пратка од Малезија се откриени од Одделот за преглед на контејнери во Мелбурн, а ABF ги поврзува со уште пет пратки од истиот криумчарен ланец.

За казнени дела кријумчарење тутун, по рацијата во Burwood East на 21 јуни обвинети се 31 годишен австралиски и 29 годишен кинески државјанин. ABF на имотот исто така открил дополнителни 137.000 цигари и мала количина дрога позната под името „ајс”. Запленети се речиси три милиони цигари во вредност од околку $2,25 милиони, како и избегнат приход од данок, велат од ABF. Откриено е дека кинескиот државјанин во Австралија влегол со туристичка виза во јуни и наводно преку измама добил ученичка возачка дозвола на Викторија и регистрирал компанија користејќи друго име. Главното лице на истрагата на ABF, Graene Groser вели дека тимот за сузбивање на криумчарење тутун ќе продолжи да ги напаѓа „криминалните групи на илегалниот пазар со цигари” во Австралија и преку океанот. “Луѓето можеби мислат дека купувањето евтини цигари под тезга е безопасна работа: но луѓето кои се занимаваат со оваа работа се сериозни криминалци, во овој случај со потенцијални врски со илегални дроги и крадење идентитет” – изјави тој. Уапсените се обвинети на суд во Мелбурн и пред него мораат да се појават на 24 септември. Максималната казна за овие обвиненија е 25 години затвор и околку $1 милион долари парична казна.

Останати вести