Крштевка со оркестар од најмалите

Во неделата на втори април имавме чест да бидеме гости на крштевка во Вoлoнгонг кај наши блиски, имено мајката Бети Голабовска е наша крштеничка и со нејзиниот сопруг Димитри го крштеваа нивното петто дете Џулиан.

После вообичаената церемонија во црквата Св. Димитрија во Вoлoнгонг се одржа прослава во убавиот ресторан Вила Доро кој што беше премногу убаво украсен во сино бели и златни бои и полн со поканети гости.
Веселбата почна во 2.30 часот со убава македонска музика, песна и ора и убава храна. Младиот брачен пар Димитри и Бети Голабовски (Бети е ќерка на Пецо и Горица Бучуковски) имаата две ќерќи, Џасмин и Џесика и три синови Џејдон и Џордан – близнаци и најмалиот Џулиан. Родителите Димитри и Бети во нивниот поздравен говор изразија благодарност кон сите присутни но најмногу пофалба и благодарност кон нивните ќерки Џасмин и Џесика кои многу помагаат околу грижата за нивните мали братчиња.
Едно што го привлече моето внимание и беше интересно за сите присутни и сакам да го споделам со нашите читатели е тоа што малите близнаци многу сериозно и како вистински музичари настапија со мали тапани на кои чукаа цело време во средината меѓу сите со голем ентузиазам како никој да не ги гледаше.
Сите беа весели, уживаа во прекрасната атмосфера и си заминаа дома со незаборавни спомени.
Честитки до родителите што ги учат нивните деца уште од мали да ја сакаат нашата убава песна и музика и да го учат звукот на тапанот, еден од најстарите музички инструменти. Особено важно сега во овие тешки времиња кога ни претстојат закани и се бориме да зачуваме се што е и било наше културно обележје да остане засекогаш..

Славица М.

Останати вести