Премиер лига во НЈВ, Презентација – Гала Вечер
По традиција, по завршувањето на фудбалската сезона ФФ на НЈВ ги прогласува најуспешните актери во штотуку завршената сезона.
Така беше и овојпат (во петокот навечер) во раскошната сала во Розхил Гарденс, а презентацијата доста успешно ја водеше искусната Стефани Бранц.
За најдобри судии беа прогласени: Кети Патерсон и Курт Амс.
Титулата за најдобар тренер му припадна на Марк Критенден (Блектаун Сити), а за најдобар голман беше прогласен Ненад Векиќ исто така од Блектаун Сити.
Рене Крстановска (Маркони) во женската лига се закити со златна ракавица.
Франко Париси (АПИА Леикхард) ја доби ласкавата титула за најдобар играч, а на Блејк Повел му припадна златната копачка за постигнати 21 гол во дресот на АПИА.
Од фудбалерите до 20 год. Џонатан Гроздановски беше најуспешен. Со 26 постигнати гола убедливо ја освои златната копачка, а воедно беше прогласен за млад фудбалер на годината.
Честитки до сите наградени, а на останатите подобар успех следната сезона.






