Во Mакедонија има дел од крстот на кој е распнат Исус – манастир го чува веќе 179 години

Прославен Крстовден во манастирот во Рајчица, едно од најубавите македонски светилишта
Во неколку манастири во Македонија има делови од светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Меѓу нив се манастирите “Св. Јован Бигорски”, “Св. Ѓорги” во дебарска Рајчица и “Св. Богородица Пречиста” во Кичево. 

Според преданието за светиот крст е запишано дека пронаоѓањето и разделувањето на чесниот крст се случило во времето на светите Константин и Елена. Имено, царицата отишла во Ерусалим, на местото на распетието да го пронајде крстот, но никој не кажувал каде бил закопан. Таа сепак успеала да ја дознае приказната од еден старец.
Откако ги пронашле трите крста, едниот на Исус, а другите два од разбојниците кои биле распнати заедно со него, тие ги поставиле на патот по кој требало да помине една погребна поворка. При пренесување на мртвиот, кога го донеле пред исусовот крст тој оживеал и тоа било доказ кој од трите крста му припаѓал на Исус Христос.
Царицата Елена го однела крстот во својата престолнина од каде патријархот Кирил Ерусалимски разделил стотици парчиња како световни реликти кои треба да го чуваат и закрепуваат темелот на Христијанските цркви и вера.
Познатиот дебарски манастир “Свети Георгиј Победоносец”, кој се наоѓа во селото Рајчица, во неделата го прослави големиот православен празник посветен на Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов, а кој народот традиционaлно го нарекува Крстовден.
Оваа манастриска слава е поврзана и со денот кога пред петнаесетина години почнало возобновувањето на конаците. Симболиката на тој ден беше уште поголема, бидејќи, според преданието, токму на Крстовден биле поставени темелите на стариот претходен манастир.
Во овој манастир 179 години се чува дел од крстот на кој е распнат Исус Христос и на кој верниците традиционално му се поклонуваат.

Останати вести