Минатата сабота во Гранд Нерет рецепцијата се одржа годишната презентациска игранка на КУД “Гоце Делчев” од Мелбурн.
По традиција на крајот од годината играорците прикажуваат дел од репертоарот што преку целата година го изучуваат, и се делат трофеи на сите што учествуваат во друштвото.
Честитка до управата, кореографите, родителите и децата за нивниот напор за очувување на македонската традиција и културата во Австралија.

