Придонес на играорците за друштвото КУД Илинден од Рокдаел

Минатата сабота управата и играорците со својот труд придонесоа за собирање финансии за КУД Илинден од Рокдаел со продажба на скара пред локалната продавница Банингс. 

Минатиот месец имавме можност да ги видиме на дело младите ентузијасти од ова друштво на Македонскиот фестивал на храната 2015 во Витлси, кои со своите ора и професионален настап беа вистински пример за следење.
Следната година КУД Илинден од Рокдаел ќе прослави 50 години од своето основање. Честитки за досегашниот успех и им посакуваме уште многу години да го негуваат македонскиот мелос и традиција.

Останати вести