Минатиов петок во спортскиот центар на Рокдаел Илинден се одржа заедничка игранка на КУД Илинден од Сиднеј и КУД Јане Сандански од Мелбурн.
Следниот ден турнејата на игрорците од Мелбурн продолжи со заедничка дружба со МКУД Македонија во Волонгонг.
Како и секогаш нашите најмили амбасадори на Македонската култура и традиција се покажаа со фантастичен перформанс. Посебно радува фактот што тоа е и дружење помеѓу играорците, управите и родителите.
Играорните друштва навистина изнајдоа прекрасен начин како да се прослави продолжениот викенд.



