Македонското Културно уметничко друштво “Македонски Бисери” од Волонгонг замина на турнеја во Република Македонија.
Фолклорното друштво во мај оваа година имаше прослава на својата втора годишнина, а во него членуваат околу стотина играорци од 4 до 25 години возраст.
КУД “Македонски Бисери” ќе земат учество на Интернационалниот Балкански фестивал во Охрид и на фестивали во Крушево, Битола, Прилеп, Неготино, Велес, Кавадарци, Струмица и итн.