Што се носи и што се крие во куферот? Зошто мајката на три синови, Ангела, го носи со себе куферот и оди од еден до друг син?
Оди во нивна посета или се преселува и сака да живее со нив или пак носи безначајни предмети од Стари крај, чува и крие некои тајни од нејзиното детство, од своите деца или починатиот сопруг? Или пак едноставно куферот ги крие желбите и соновите за иднината на своите деца. Ние никогаш нема да можеме да го избришеме нашето минато. Минатото не следи како сенка и секогаш не притиска да ја измениме сегашноста за нашата иднина. „Куферот” носи тајни кои не можат да се скријат кога и „ѕидовите имаат уши”.
Драмата „Куферот” премиерно ќе се изведе на Фестивалот за уметност во Рокдаел на 7 мај со почеток во 19 часот во Македонскиот културен центар „Илинден” во Рогдаел.
Улогите ги толкуваат: Валентина Апостоловска, Васко Србиновски, Никола Апостоловски, Самоил Митревски, Гордана Милошевска, Мена Ристевска, Руди Цветковски и Зоран Гулабоски
ROCKDALE
Macedonian Cultural Centre “Ilinden”
65 Railway Street Rockdale
Сабота, 7-ми мај во 19 часот
Недела, 8-ми мај во 15 часот
Сабота, 28-ми мај во 19 часот
Цена: $20 Полна цена
$15 За студенти и пензионери
WOLLONGONG
Sun Lounge Function & Reception Centre
8-14 Stewart Street Wollongong
Сабота, 14-ти мај во 19 часот
BANKSTOWN
Bankstown Polish Club
11 East Terrace Bankstown
Сабота, 21-ви мај во 19 часот
Со карти ќе можете да се снабдите на влезот пред претставите или за резервации и повеќе информации јавете се кај Душан Ристевски на 0425231335 или на и-маил dushan@macedon.com