Купони од сто долари за сите предградија

Жителите на Нов Јужен Велс ќе бидат побогати за сто долари бидејќи се воведува долго очекуваната бонус програма за стимулирање на економијата.

Министерот за односи со купувачи на Нов Јужен Велс, Victor Dominello откри речиси 70 локални општини од Ballinе до Begе во кои граѓаните ќе можат да ги искористат своите купони во вредност од сто долари за програмата „Вечерај и откри” која се воведува по нејзиното успешно тестирање.
Моментално се одбираат 67 области во кои компаниите ќе можат да се пријават за оваа програма, а граѓаните ќе можат преку Интернет да ги превземат купоните и тоа два пати по 25 долари за јадење и два пати по 25 долари за „откривање на знаменитости”.
По тестирањето кое е спроведено во The Rocks, бизнис центар во Сиднеј, па дури и во Broken Hill, оваа програма е проширена на поголемиот дел на Нов Јужен Велс во обид повторно да заживее економијата која се опоравува од последиците што ги остави КОВИД -19.
„Околу 67 општини се вклучени во програмата, Ве советувам да ги прегледате интернет страниците затоа што таму ќе најдете дали вашата област е вклучена во оваа програма која почнува во петок” – им изјави на новинарите Dominello во ијзавата дадена на пристаништето Darling Harbour.
„Во следните неколку недели би требало да ни се приклучи целата држава, некои области ќе се приклучат во три или четири кругови. Ве молам да ја превземете апликацијата „Service NSW” ако тоа веќе не сте го направиле. Ако сте претставник на компанија која се уште не е регистрирана за оваа програма, Ве молам да се приклучите. Оваа програма ќе биде многу популарна според досегашната статистика и би требало да биде многу успешна за компаниите” – додаде тој.
Оваа акција на жителите на Нов Јужен Велс постари од 18 години им овозможува да се пријават за вкупно четири купони од по 25 долари што вкупно дава вредност од сто долари. Купоните од 25 долари можат да се користат во ресторани, кафулиња, барови, винарија, пабови или клубови, и можат да се искористат од понеделник до четврток.
Се делат и по два купони од 25 долари за „откривање на содржина” која може да се искористи за забава и рекреација вклучувајќи културни институции, музика во живо и други уметнички установи и можат да се користат било кој ден во неделата.
За да ги добијат купоните, купувачите ќе мораат да се пријават на на “MyServicеNSW”. Ова може да се направи преку превземање на апликацијата „Service NSW” и потоа со регистрација на споменатата користичка сметка. Потоа едноставно само се пријавувате за купоните. Тие можат да се користат како било кое друго средство за плаќање, но можат само лично да се користат со приложување на апликацијата „Service NSW”.

Останати вести