ОН не сакаат да го коментираат прогласувањето на курдски федерален регион во Сирија

Обединетите нации одбија да ја коментираат одлуката на сириските Курди за прогласување на федерален регион во северна Сирија, јави ТАСС.

– Во оваа фаза ОН нема да даваат оценки за одлуката на сириските Курди за формирање на регионална федерална администрација во северниот дел на Сирија, изјави портаролот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, Стефан Дижари. Најголемата партија на сириските Курди, Демократската унија прогласи создавање федерален регион во подрачјата под нејзина контрола во северна Сирија.
Претходно, сириската Влада и опозицијата ја отфрлија вакваѕа одлука на Курдите како неприфатлива.
Сириското Министерство за надворешни работи оцени дека одлуката на сириските Курди е „противуставана и неважечка”, а опозициската Сириска национална колаиција соопшти дека го „отфрла едностраното прогласување” федерализација и предупреди дека секој обид за формирање автономни региони во земјата претставува „непочитување на волјата на сирискиот народ”.

Останати вести