Квантас и Вирџин Австралија во војна што чини 9 милиони на ден

Со вкупна загуба од три милијарди долари, двата главни авиопревозници на Австралија никогаш не биле во полоша ситуација – а за тоа виновни се самите.

Игнорирајќи го едноставниот принцип на побарувачка и понуда, двете авиокомпании и нивните ниско буџетни компании Џетстар и Тајгер, губеле по 8.75 милиони долари секој ден минатата година.
Квантас е со далеку поголема загуба во намера да ги зачува 65 проценти од домашниот пазар, па и покрај намалената побарувачка го зголемувал својот капацитет на домашните линии.
Квантас објави дека има загуба од 2,8 милијарди долари, а Вирџин Австралија објави загуба од 355.6 милиони.

Останати вести