Квисленд ги отвори границите за сите освен за Викторија

Квинсленд ја отвори границата за одмор на сите туристи освен за Викторија.
Министерот за здравство на Квинсленд, Steven Miles, изјави дека е забрането влегување на сите кои биле во Викторија во претходните две недели, освен на жителите на државата кои се враќаат дома и неколку други исклучоци.

Укажа и на потребата за резервирање хотелски соби за луѓе што ќе бидат во карантин кои одсега ќе треба сами да си ја плаќаат изолацијата.
Викторија е најтешко погодена од коронавирусот, забележувајки постојан пораст на нови случаи во последните неколку недели. Епидемијата во Мелбурн кој стана најголемо жариште изгледа тешко дека ќе може да се заузда.
Тим од 27 медицински сестри замина од Бризбен за да помагаат во лекувањето пациенти во епидемијата предизвикана од коронавирусот што ја зафати Викторија, изјави премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук. Оваа објава стигна откога оваа држава забележува девети ден по ред без нови случаи на болеста КОВИД – 19. Таа изјави дека поволната положба на државата овозможила тим на нејзини здравствени работници да отпатуваат во Мелбурн за да помага.
Дополнителни 218 случаи се потврдени на 11 јули. „Знаеме дека на луѓето во Викторија им е тешко. Сакаме да им помогнеме колку можеме” – вели Анастасија Палашчук.
Во Квинсленд годинава се потврдени 106 случаи на коронавирусот, а моментално имаме само еден активен случај.

Останати вести