Квинсленд ги укина ограничувањата за Нов Јужен Велс и Викторија

Квинсленд од декември после повеќе од осум месеци, ги укина граничните ограничувања за Нов Јужен Велс и Викторија, со што се овозможи да се видат разделените семејствата и се отворија туристичките дестинации за економско закрепнување на бизнисите.

Граѓаните на Нов Јужен Велс и Викторија повторно можат слободно да патуваат во Квинсленд без 14 денови карантин. За некои области на Нов Јужен Велс накратко им беше дозволено да патуваат во Квинсленд во јули оваа година, но таа можност брзо беше укината. Контролните пунктови на патот, помеѓу Квинсленд и Нов Јужен Велс, се отстранети и авионските линии секојдневно се зголемуваат.
За Квинсленд сега летаат преку 30 летови од Викторија и Нов Јужен Велс. Засега за граѓаните на Јужна Австралија сè уште е забрането да патуваат во Квинсленд, бидејќи во последните неколку недели се пријавени повеќе од 30 случаи на коронавирус.

Останати вести