Во Западна Австралија официјално се претстави изборната кампања на Лабуристичката партија за Перт каде присуствуваше и почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески.
Таму тој се сретна со градоначалникот на општина Винсент, Џон Карес, кој е и кандидат за Перт, лидерот на опозицијата Марк МекГоуан како и добрата пријателка на македонската заедница Алана МекТиернан, поранешен федерален пратеник од Перт што на следните државни избори ќе биде кандидат за горниот дом на парламентот на Западна Австралија.