Во планот на федералната опозиција за двата желенички проекти во западниот дел на Сиднеј се наоѓа црна дупка вредна $20 милијарди, вели владата на Турнбул.
Лидерот на лабуристите Бил Шортен најави планови за трошење на $6 милијарди на два проекти доколку победат на следните избори. Во говорот пред верните партиски колеги на конференцијата на партијата, Шортен се обврза дека ќе потроши $3 милијарди долари за проектот Sydney Metro West со кој градот би се поврзал со Parramatt, со што двојно ќе го зголеми капацитетот на патувања меѓу деловниот центар на градот и Parramatt. Дополнителни $3милијарди ќе се вложат во железничкиот проект Western Syndey Rail кој ќе го поврзе целиот град со новиот аеродром чие градење се планира да почне во западниот дел на Сиднеј. Но, министерот за урбана инфраструктура, Paul Fletcher, вели дека федералната влада во изминатите две години го прегледала споменатиот план и пронашла дека станува збор за трошок од $21-26 милијарди за 80 километри нова желеничка пруга.
„Дури и ако овие пари се најдат за некои идни федерални влади, и понатаму постои црна дупка од $20 милијарди” – изјави тој.
Luke Foley, лидерот на лабуристите во Нов Јужен Велс ја поздрави оваа најава, нарекувајќи го својот федерален колега „Дедо Мраз”. На завршната конференција на лабуристите од Нов Јужен Велс пред државните и федералните избори, Шортен исто така вети $300 милиони од федералниот буџет за паркинг места во близина на јавниот транспот.