Кампањата која донесе непоправлива штета на владата на Малколм Трнбул на минатите избори оживеа една недела пред носењето на државниот буџет.
Лабуристите во 2016 година на гласачите им кажаа дека ќе го „спасат Medicare„ од владините наводни планови за постепено приватизирање на системот – нешто што Трнбул одново и категорично ветуваше дека нема да го направи. Кампањата беше многу успешна иако лажна. Анкетата која по изборите ја спроведе JWS покажа колку делотворна била кампањата. Триесет и осум отсто од гласачите изјавија дека судбината на Medicare била клучен фактор во нивната одлука. А уште е поголем бројот на оние кои својата одлука ја донеле подоцна во текот на предизборната кампања. Оваа кампања помогнала голем број гласачи повторно да се наклонат кон лабуристите на изборите кои завршија со разлика помала од 1 отсто, а владиното мнозинство беше намалено на едно место во парламентот во Канбера. Сега кога Скот Морисон треба да ги распише следните избори во рок од неколку недели, лабуристите повторно се насочени на заплашувачка кампања околу Medicare. Ветија доколку ги добијат изборите, ќе го одмрзнат рабатот на Medicare во првите 50 денови откога ќе стапат на власт.
Кога ќе го посетите семејниот доктор, специјалист или друг медицински експерт, одредени услуги ќе ги суфинансира владата. Ако вашиот доктор наплатува во пакет тогаш директно ќе наплати од владата за услугите кои ви ги дал. Се исплатува одредена сума, на пример рабатот за Medicare за стандарден преглед на семеен доктор изнесува 37 долари. Поголемиот дел од тој рабат треба секоја година да се зголемува за да се држи чекор со инфлацијата согласно со процесот наречен индексација.
Но, благодарејќи на замрзнатата стапка, рабатот за овие услуги не е промент од 2014 година. Вашиот доктор ја добива истата платена сума како и пред пет години. Постои опасност вашиот доктор да ја компензира загубата наплатувајќи им повеќе на некои пациенти, а сопствените трошоци на пациентите за посета на доктор просечно пораснаа од 28 долари од крај на 2013 година на 36,50 долари во есенскиот квартел минатата година.
Двете големи партии допринесоа за појава на овој проблем. Замрзнувањето на стапката на рабатот првпат го воведоа лабуристите во 2013 година, како мерка на штетење во буџетот, која потоа продолжи да се практикува и под водство на Тони Абот, Трнбул и Морисон. Владата така заштеди милијарди долари, но оваа мерка требаше да биде привремена. Морисон планира да се укине замрзнувањето на рабатот за Medicare на 1 јули 2020 година. Новиот предлог на лабуристите е тој да се укине 12 месец порано, односно на 1 јули годинава. Ова би значело порана индексација на услугите како што се семејно советување, давање итна грижа надовор од редовното работно време, грижа за менталното здравје и советување за трудници, а за сите овие услуги рабатите се моментално замрзнати. Лабуристите велат дека оваа промена би можела буџетот да го чини $213 милиони долари.
„Иднината на Medicare беше првата точка на мојот план на минатите избори, а нема да биде поинаку ни на овие избори. Секој ден во кој рабатите за Medicare остануваат замрзнати е уште еден ден во кој семејствата мораат да платат поголема сума од сопствен џеп за да би посетиле доктор. Ако бидам избран за прајминистер нема да го губам времето со намалувањето на рабатот на Medicare кој го воведе Морисон. Неговото замрзнување ќе престане во текот на првите 50 денови на мојата влада. Верувам дека пристапот до квалитетен здравствен систем треба да зависи од вашата Medicare карта, а не од вашата кредитна картичка.” – рече Бил Шортен.
Лабуристите и на минатите избори ветуваат дека ќе ги укинат замрзнатите рабати за Medicare, во склоп на нивната контраверзна кампања „спасете го Medicare.” Тврдењата на Бил Шортен дека Коалицијата планира да приватизира делови на Medicare го налутија Трнбул кој тогаш јавно се заколна дека Medicare „никогаш, никогаш нема да биде приватизиран” – но тогашниот прајминистер премногу бавно реагираше и за малку ќе изгубеше на предходните избори.
Дури и откога тоа го нарече „срамотна” лага, темата продолжи да го прогонува.
„Либералите тогаш задоцнаа. Кампањата траеше речиси две недели кога тие конечно го возвратија ударот, но тогаш веќе беше предоцна. Тогаш тоа веќе стана прифатена вистина меѓу гласачите” – рече Николас Рис, предавач на универзитетот во Мелбурн и домаќин на програмата Sky News „Politics HQ.”
Гласачите и поверуваа на кампањата затоа што таа се однесуваше на нивните стравови дека либералите кои генерално се сметаа за партија на бизнисите која повеќе би ги намалиле трошоците на буџетот на здравството или би го приватизирале владиниот имот. Покрај тоа, кампањата на лабуристите во која можеше да се види поранешниот прајминистер Боб Хоук исто така беше добро планирана и дизјанирана.
Денешниот повторен завет за запирање на замрзнатите рабати за Medicare коинцидира со уште еден пи-ар напад за кои лабуристите се надеваат дека подеднакво ќе биде делотворен. Опозицијата веќе на некои места дели летоци во кои се напаѓа тоа што го нарекуваат „либералите на Морисон го намалуваат финансирање на здравството, школството и за пензионерите, заедно со намалување на даночните трошоци за компаниите, нешто што се обидоа да го донесат кога Морисон беше федерален благајник.” Во нападите лабуристите користат и плакати, јавни петиции и објави на социјалните медиуми. До изборите можеби има уште неколку недели, но да не се залажуваме кампањата веќе наголемо е почната.