Лабуристите и Шортен заработија поени

Нова анкета го мереше ставот на Австралиjците кога станува збор за партиите во федералната политика и нивните лидери и носи добри вести за лабуристите и нивниот лидер Бил Шортен.

Австралијците и понатаму за прајминистер повеќе го сакаат Скот Морисон отколку Бил Шортен, но популарноста на лабуристите се зголемува, велат резултатите од последната анкета на јавното мислење. Лабуристите го зголемија водството над Либерално-Националната партија во последната анкета на Ipsos. Анкета спроведена на 1.200 Австралици откри дека 46% од нив сакаат да го гледаат Морисон како лидер, додека 37% од нив го преферираат Шортен. Но, разликата од девет отсто меѓу нив е намалена кога станува збор за лидерство во минатите две години. Морисон загуби еден поен минатиот месец, додека Шортен доби два.
Кога станува збор за наклоност на гласачите меѓу овие две партии 52% од анкетираните изјавиле дека би гласале за лабуристите.
Во споредба со тоа само 46 отсто од луѓето би гласале за Коалицијата, што претставува пад за два отсто. Примарната наклоност на гласачите кон лабуристите порасна од 34 на 37 отсто во еден месец, додека наклоноста на гласачите кон Коалцијата падна за еден отсто – на 36%.
Овие бројки да се применат на следните избори кои би требало да се одржат годинава во мај, Коалицијата би можела да загуби најмалку 18 места.
Анкетата исто така покажува дека Австралиците не се претерано наклонети кон лабуристичкиот план вреден $32 милијарди за намалување на негативната задолженост. Реформата ги подели гласачите, од нив 44% е против политиката на ограничување на даночните олеснувања на инвестициските вложувања, додека 43% од нив се за овој проект, а 13% се неопределени.

Останати вести