Бил Шортен има добра причина за насмевка затоа што според резултатите од последната анкета на Newspoll, Лабуристичката партија води пред Коалицијата.
Малком Турнбул сеуште е попопуларен меѓу гласчите отколку Бил Шортен, но поддршката за владата полека преминува на страна на опозицијата, покажуваат резултатите од најновата анкета.
Најновите анкети на Newspoll покажуваат дека популарноста на прајминистерот изнесува 45 одсто, што е најголем процент во текот на 100-те дена од победата на изборите, додека популарноста на лидерот на лабуристите е најниска и изнесува 30 одсто.
Резултатите за наклонетост кон една од овие партии велат дека лабуристите сега водат со 52 одсто, а Коалицијата има поддршка од 48 одсто гласачи. Ова е втор пат поддршката на гласачите кон владата да е најниска од кога Турнбул го замени Тони Абот, на премиерското место пред 13 месеци.