Лабуристите нападнаа кандидат за Сенат на Либерално – националната партија кој изјави дека субвенционирањето на грижата за тригодишни деца е заговор со кој се има намера да се воведе контрола на владата над воспитувањето на децата.
Жерар Реник кој се наоѓа на третото место на ЛНП за Квинсленд исто така повикува на драматични намалувања на данокот на компаниите и фрли сомнеж за вклученоста на Русија во хемискиот напад во Велика Британија минатата година. Реник наводно го коментирал системот за грижа на децата, одговарајќи на минатогодишниот апел на опозицијата, системот за субвенционирање на грижа за деца да се прошири и на тригодишните деца.
„Циникот во мене верува дека се работи за уште еден обид на лабуристите да ја зајакнат улогата на државата во воспитувањето на децата на трошок на родителите” – напиша тој.
Гласноговорникот на кампањата на лабуристите Џим Чалмерс рече дека овие коментари укажуваат на тоа оти либералите „воопшто не се во тек”.
„Овие луѓе се наоѓаат на некоја друга планета” – рече тој.
Џим Чалмерс го обвини Жерар Реник дека сака да плати за намалување на данокот за оние кои добро заработуваат така што ќе го намали финансирањето на раното образование, но кандидатот на ЛНП смета оти станува збор за заговор.
„Ова не е некој маргинален лик во Либералната парија, ова е човек кој се наоѓа на позиција која може да ја освои” – рече пратеникот на лабуристите во парламентот.
„Малколм Турнбул беше целосно во право кога рече дека екстремното десно крило на либералите го превзема кормилото”. Жерар Реник исто така се огради од поранешната изјава во која рече дека намалувањето на данокот за компаниите на 12 посто и данокот на добивка на 15% претставуваат борба против избегнувањето на плаќањето данок. „Дефинитивно не 12 посто и не 15 посто, не трчам кон дното. Доволно ниско во овој момент би биле 30% и 25%,” – додаде тој зборувајќи за стопите кои Коалицијата моментално ги озаконила.