Лабуристите се несигурни околу поделбата на буџетот

Лабуристите ветија дека на училиштата ќе им дадат дополнителни $22 милијарди, ако дојдат на власт, но не сакаат да дадат детали околу тоа како ќе ги поделат парите се додека не завршат разговорите со сите во тој сектор.

Лидерот на опозицијата, Бил Шортен, го искористи својот одговор за буџетот за да потврди дека партијата во следната деценија ќе ги пронајде $22 милијарди кои владата ги одземала од образовниот сектор.
Министерот за финанси во сенка, Крис Бовен, изјави дека ќе има уште неколку најави – „Го најавуваме финансирањето на следниот десетгодишен период” – рече тој.
Во смисол на секторски пристап и профил на финасирањето моравме да одржиме консултации со државите, Католичката канцеларија за образование, како и задругите на родители и граѓани. „Но, најверојатно владата новиот пристап на финансирање ќе го вгради во законодавна рамка, од кога Зелените кажаа дека сакаат да ја искористат можноста и да создадат поправеден систем”. Комонвелтот ќе ги зголеми финансирањата за школување од $17,5 милијарди во 2017 година, на $30,6 милијарди во 2027 година. Но ова зголемување е помалку за околу $22 милијарди од тоа што Лабуристите планираа да им дадат на училиштата, за време на истиот период, доколку дојдат на власт, иако е повеќе од тоа што Коалцијата најавува во своите буџети од 2014 година, па наваму. Лабуристите ветиле дека ќе го вратат финансирањето за време на истиот временски период за кое е направен план на владата, односно до 2027 година.
Следните федерални избори се одржуваат на почеток на 2019 година, и не е јасно што ќе се случи со разликата од $3,6 милијарди која се појавува ако се спореди планот на владата и планот на лабуристите за 2018 година, односно 2019. Гласноговорничката на Зелените за прашања за образованието, Сара Хенсон – Јанг, изјави дека е време лабуристите да станат реални кога станува збор за финансирање. Петтата и шестата година од Гонскиевата реформа (2018 и 2019) веќе изчезнаа.

Останати вести