Лабуристите со подршка за војната но против забраната за носење бурка

Лидерот на опозицијата Бил Шортен пред илјадници муслимани во џамија во Лакемба изјави дека малцинството фанатици не смее да биде межник со кој ќе се обвинуваат сите.

Притоа даде поддршка на владата за воената мисија во Ирак. Ова беше и прво обраќање на лабуристички лидер до муслиманите во сиднејското предградие Лакемба од времето на Пол Китинг во деведесеттите години.
Притоа лидерот на опозицијата ја критикуваше одлуката за забрана за влез со бурка во Парламентот во Канбера. Сметајќи дека ова е веќе дебата за тоа што требаат луѓето да носат, а не дебата за безбедноста на нацијата. На истиот настан се обрати и министерот за имиграција Скот Морисон, тој беше за кратко навредуван од неколкумина присутни за време на неговиот говор.

Останати вести