Лабуристите ветуваат 100,000 нови работни места ако победат во Викторија

Главниот дел на изборната програма на опозициониот лидер Даниел Ендрус, што сака да му ја продаде на електоратот во Викторија, е дека за следните четири години ќе креира 100,000 нови работни места.

Програмата наречена “назад на работа”, вклучува 1 милијарда долари донации за бизниси и индустријата за создавање нови работни места во секторите што растат. Притоа ветувајќи 100 милиони намалување на државните даноци на вработувачите кои вработуваат млади, и долго време невработени или отпуштени работници.

Планот е бизнисите да можат да добијат по 1,000 долари на вработен во намалување на данокот. Тука би било вклучено тренирањето, транспортот и алатките. Се разбира вработувачите и работниците ќе треба да ги докажат трошоците за да се квалификуваат.
Од либералната влада министерот за финансии Мајкл О”Брајан веднаш реагираше дека на лабуристите не може да им се верува, бидејќи оваа партија е најлошиот економски менаџер историски гледано во Викторија. Моментално индустриски најсилната држава Викторија е во процес на реструктуирање и многу фабрики се затворија, но вината за зголемените трошоци и затворените фабрики е од лошата политика на лабуристите што ја водеа на федерално и државно ниво. Данокот за карбон ги зголеми цените на струјата и гасот, лошиот менаџмент и градењето на фабрика за десалинизација на вода која ќе чини повеќе од 28 милијарди долари во наредната декада без да се произведе една чаша вода е економски криминал. Исто така воведувањето на електронската карта во метрото и денеска е непопуларна и доведе до масовни отпуштања во транспортниот сектор.

До изборите во Викторија има 7 недели и се очекува силно спротивставување на визиите на двете политички опции, а во досегашните анкети засега опозицијата има предност и има шанса само после еден мандат во сенка да се врати на голема врата.

Останати вести