Четврта државна лига на Викторија север, 1 коло
На првиот натпревар оваа сезона Лајло Јунајтед Слога играше нерешено без голови пред домашната публика. Годинава Лајло Јунајтед Слога е со амбиција да се избори за промоција.
Во предсезоната управата успеа да го донесе Тони Стерјовски, легендата на Престон Македонија како тренер и повеќе играчи како стрелецот Кингсли Њоку, одбранбениот играч Лукмон Анфилоин, Роберт Најдовски и Стефен Масалковски.
Тука се и Игор Колевски (Алтона Маџик Вардар ) и Александар Николовски (Дајмонд Вали) што ќе го засили составот на Лајло Слога, со што Стерјовски ќе има повеќе играчи за избор.
Во сабота, на 1 април, Слога ќе игра во гости кај Даребин Јунајтед со почеток во 15 часот.