Лајло Јунајтед Слога – Вестваел 0:6

Трета државна лига на Викторија северо–запад, 17 коло
Она од што стравувавме се обистини оваа недела: не само што беше доживеан стравотен пораз на домашен терен од силната екипа на Вестваел, туку сега Слога е и последна на табелата. Со еден бод помалку од претпоследниот Даребин Јунајтед и со ужасна гол разлика од –26 голови, тешко дека ќе може да се обезбеди опстанок во лигата.
Во сабота, на 6 август, Лајло Јунајтед гостува кај екипата на Латроб Универзитет со почеток во 15.00 часот.

Останати вести