Нашите Лавови ќе играат во финалето

Куп натпревари за Премиер лигата на Западна Австралија

Стирлинг Лајонс – Соренто 3:1

 

Сигура победа на Стирлинг Лајонс против минатогодишниот шампион Соренто, на стадионот Македонија Парк. Со оваа победа Лавовите од Западна Австралија се пласираа за финалето на купот што ќе се игра во сабота.

Во него Стирлинг ќе се сретне со Бејсвотер Сити. Во регуларниот дел на првенството Стирлинг Лајонс завршија како шампиони а зад нив беше истиот тим што сега ќе го сретнат во финалето за купот на лигата.

Стрелци на головите за Стирлинг Лајонс беа Деан Еванс во 3 м. и Фил Арнолд во 10 и 51 м. Почесниот гол за Соренто го постигна Гавин Кнајт во 38 минута. За  Лавовите  натпреварот со Бејсвотер,  ќе биде можност да се наплати долгот за тешкиот пораз што го доживеааја  минатата недела кога загубија со 4 спрема 1.

Финалето ќе се игра в сабота, на 5 октомври на E&D Litis Stadium со почеток во 15:00 часот.

Останати вести