Лас Вегас е град на духови: Километарски колони на гладни чекаат пакети со храна, животот им се промени преку ноќ

Лас Вегас изгледа како град на духови: сите казина во овој град се затворени, а туристите повеќе ги нема. Илјадници отпуштени работници чекаат пред казината да ја добијат својата храна. Ова се последиците од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Може да се види километарска колона автомобили и стотици семејства што чекаат, не за работа, туку за бесплатна храна од Банката за храна (место каде што храната може да ја земат сиромашните и раселените).
Претставникот на Банката за храна, Брајан Бартон, вели дека по помош доаѓаат луѓето кои до пред пандемијата на коронавирус припаѓале на средната класа, а сега животите им се смениле преку ноќ.
– Лицата на гладните во Лас Вегас изгледаат како моето и твоето. Половина од овие луѓе никогаш не биле во ситуација да побараат помош. Тоа се луѓе кои имаа солидна работа и чии животи се свртеа наопаку преку ноќ – рече Бартон.
Сето ова е последица на економската криза бидејќи економијата на овој регион се заснова на туризам и забава. Вирусот ковид-19 нанесе поголем удар врз градската економија отколку економската криза во 2008 година. Сите зборуваат за тоа кога ќе почне повторното отворање, иако знаат дека тоа ќе биде полека и во етапи.

Останати вести