Латроб Универзитет – Лајло Јунајтед Слога 2:0

Трета државна лига на Викторија северо–запад, 18 коло
Нов пораз и загриженост дека следната сезона клубот ќе игра една лига подолу. Остануваат уште четири кола до крајот и потребно е освојување на бодови. Следниот натпревар е особено важен бидејќи се игра со претпоследниот тим на Даребин, кој би се нашол на сегашното последно место наместо Лајло доколку изгуби.
Во сабота, на 13 август, Лајло Јунајтед игра на домашен терен со Даребин Јунајтед со почеток во 15.00 часот.

Останати вести