Лазар Ристовски ќе биде Цар Самоил

Лазар Ристовски, познатиот српски актер со македонско потекло, ќе го игра ликот на Цар Самоил во новиот филм на Антонио Митрикески.
Ова ексклузивната вест ја објави овој моќен и извонреден актер за време на гостувањето на „Охрид Филм Фест” – Фестивал на ангажиран филм, што се одржува од 10 до 15 јуни во Охрид.

Актерот Лазар Ристовски е ексклузивен гостин фестивалот, кој отвори со филмот „Од другата страна”, каде во главна улога се појавува овој извонреден актер со 4,000 театарски претстави зад себе. На самото отворање на фестивалот, заменик на градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, му врачи награда – Византиски крст со филингранска изработка на Лазар Ристовски, за извонредниот придонес во балканската кинематографија што овој актер го остави како белег со неговите многубројни улоги во филмовите.
– Ми претставува особена чест што ќе го играм Цар Самоил, особено што моите корени се од Македонија, рече Ристовски, откривајќи ја веста за новиот филм што треба да се снима на овие простори.
Ристовски смета дека јазикот претставува пречка за глумење во странски филмови, но дека тој и не е толку пресуден и дека очите , преку кои се гледаат емоциите се најважни, бидејќи преку нив се се гледаат емоциите.
– Помеѓу глумење на пијани Руси во Холивуд и улогите дома, јас одбрав да останам на овие простори. Инаку фестивалите никогаш не се доволни, секогаш има место за уште еден, а овој фестивал му е потребен на овој прекрасен град, посебно што се работи за ангажиран филм, рече познатиот актер Лазар Ристовски на прес конференцијата.

Останати вести