Во прашање е легалитетот на договорот со Индија за враќање на азиланти

Адвокат за бегалци ја стави под знак прашање легалноста на договорот помеѓу Австралија и Индија за враќање на 157 бегалци. Сметајќи дека е нечуено една влада да ги дава на друга барателите за азил. Посебно што Индија не е потписник на меѓународната конвенција за бегалци.

 

Имиграциониот министер Скот Морисон одби да ги потврди деталите но рече дека групата ќе биде однесена во Австралија за да се изврши проверка на идентитетот од индиските дипломатски претставници.
Индија се согласи да ги земе назад сите свои државјани и ќе ги разгледа можностите за преземање и на државјани од Шри Ланка. Ова е прв брод со бегалци што пристигнува во Австралија после шест месеци и ќе биде првиот посериозен тест за владата на Тони Абот. Бродот бил пресретнат на 29 јуни, на 16 наутички милји од Божиќните острови, а патниците во мнозинство од Тамил беа сето ова време на друг царински брод сопственост на Австралија.
Министерот за имиграција Морисон вели дека ниту еден од овие бегалци што доаѓаат преку ред нема да добие жителство во Австралија.

Останати вести