Австралија се поблиску до легализација на еутаназија на луѓе

Австралија презеде чекор кон легализација на доброволна еутаназија, 20 години откога го поништи првиот закон за одобрување убиство од милост.

Парламентот на Викторија го усвои предлог законот за еутаназија со 47 гласови за и 37 против, по бурната дебата која траеше околку 26 часа. Доброволната еутаназија ќе стане легална во втората австралиска држава според бројот на жители, доколку членовите на горниот дом на парламентот го усвојат предложениот закон на 31 октомври.
Прва територија во светот која дозволува лекарите да асистираат при самоубиство на смртно болни пациенти, усвоен е во ретко населената Северна Територија во 1995 година. Австралискиот парламент го поништи тој закон во 1997 година, откога четири лица го искористија правото да им се помогне да умрат.
Парламентот нема право да ги поништи законите на држава како Викторија.
Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус, кој стана поборник на еутаназијата откога неговиот татко минатата година почина од рак, ги опиша нацртите на државните закони како најконзервативни на светот.
Нов Јужен Велс, најбројната држава, ќе води дебата за своите закони за еутаназија, следниот месец во парламентот во Сиднеј.

Лизгав терен – закон за еутаназија
Лидерот на конзервативнатс партија на Јужна Австралија Кори Бернарди вели дека законите за еутаназија во Викторија се лизгав терен. Вели и дека е „длабоко загрижен” со тоа што законот за еутаназија во Викторија ќе има последици по целата земја и не го поддржува.
Тој ја разбира емотивната врска на луѓето, која се однесува за тоа да донесат одлука за завршување на сопствениот живот, но кога владата поддржува ваква акција се работи за „еднонасочна улица”. Ќе доведе до големи и долгорочни промени кои ќе се чувствуваат и во светот” – рече сенаторот Бернарди.

Останати вести