Поетот и ТВ водителот Клајв Џејмс почина во 80-та година, речиси десет години откога му е дијагностицирана леукемија. Австралискиот критичар почина во неделата во својата куќа во Кембриџ. Неговото семејство и блиските пријатели го испратија во капелата на Пемброук во факултетот Кембриџ.
Џејмс, големо име на британската телевизија и радио во 1980-те пишувал многу, умерено и честопати духовито за телевизијата, книжевноста и актуелните случувања, а освојувал и награди за новинарство. Неговиот, честопати груб стил, популарноста ја достигна во текот на 80-те години кога е емитувана емисијата „Клајв Џејмс на телевизија”, каде прикажуваше исечоци од апсурдни меѓународни телевизиски емисии.
Популарниот критичар, познат по својата духовитост, се преселил во Англија во 1962 година.
Првите неколку години работел како асистент во библиотека и истражувач на пазарот. Потоа дошол на Универзитетот во Кембриџ да чита англиска книжевност, каде негови современици биле Германи Грир и Ерик Идл, а набрзо потоа станал претседател на Cambridge Footlights дури и се појавил на University Challenge на BBC.
Клајв почнал како коментатор во различни емисии, вклучувајќи го и музичкото шоу „So It Goes” меѓу 1976 и 1977 година. Потоа во 1982 година имал своја емисија „Клајв Џејмс”, а во 1988 година се приклучи на BBC каде две години ја водел емисијата „Saturday Night Clive” а потоа се вратил со „Saturday Night Clive on Sunday” и со „Sunday Night Clive”.
Страшната болест му била дијагностицирана во 2010 година, а му кажале дека ќе живее до 2014 година. Клајв починал десет дена откога за последен пат го спуштил пенкалото.
Низ се се борел трпеливо и со добро познат хумор знаејќи до последниот момент дека проживеел повеќе од чесен дел во овој „голем, добар свет”.