Лејвер ги гледа Ѓоковиќ и Федерер на исто ниво, но дали намерно го заборави Надал?

Род Лејвер, легендарниот тенисер од Австралија, изјави дека Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се најдобрите тенисери во историјата на тенисот.

Тој случајно или намерно го изостави Рафаел Надал од оваа конкуренција, а сигурно ќе предизвика негодувања кај навивачите на шпанскиот тенисер.
Лејвер, кој во периодот од 1962 до 1969 година освојуваше многу Грен слем турнири, смета дека Ѓоковиќ е израмнет со Федерер во борбата за најдобар светски тенисер.
„Не можете да направите споредба помеѓу нив или да ги разделите. Доволно е да ги погледнете нивните епски пресметки. Знаете дека Федерер има повеќе Грен слем титули, но кога ќе го видите Ѓоковиќ и неговата игра, мора да признаете дека се подеднакви”, смета Лејвер.
Доколку Ѓоковиќ го освои овогодинешниот Ролан Гарос ќе стане првиот тенисер, по Лејвер, кој успеал да биде актуелен победник на сите четири најголеми светски турнири.

Останати вести