Лекции за Австралија по зголемување на бројот на случаи на КОВИД-19 во Мелбурн

Неодамнешниот скок на бројот на случаи на КОВИД-19 во делови на Мелбурн е разочарувачки, но, ние секогаш очекувавме дека ќе има повеќе случаи. Тоа е важно предупредување за целата земја.

Од витално значење е да ги научиме лекциите од овие зголемувања на бројот на случаи, или ризикуваме да бидеме сведоци на уште повисок број на случаи низ цела Австралија, што ќе го загрози поголемиот дел од тоа што го работевме толку напорно да го постигнеме во нашата борба против КОВИД-19.
Важна порака што би сакала да ја истакнам е дека, и покрај нашиот успех во борбата против КОВИД-19, сè уште не сме ја достигнале фазата каде што ќе можеме да се вратиме на поранешниот начин на живот што го живеевме во Австралија пред почетокот на пандемијата. Вирусот сè уште е меѓу нас, и ќе остане уште доста време, а сегашната ситуација во светот продолжува да се влошува, а не да се подобрува.
Скокот на бројот на случаи во Викторија покажува колку е лесно да избијат епидемии ако не продолжиме да одржуваме физичко растојание, добра хигиена и не остануваме дома кога сме болни. Исто така, наглото зголемување на бројот на заболени потсетува колку е важно да ја преземеме апликацијата COVIDSafe, за здравствените да власти можат брзо да ги откријат луѓето кои имале блиски контакти со лица за кои е потврдено дека се заразиле со КОВИД-19.
Колку што побрзо овие „детективи за зараза ” можат да ги пронајдат тие блиски контакти, толку побрзо ќе можат да го спречат ширењето на вирусот.
Што научивме од овој скок на бројот на заразени во Мелбурн? Значителен број на тие нови случаи е поврзан со семејни собирања.
Што нѝ кажува ова? Изгледа дека некои Австралијци не ја разбираат опасноста дека КОВИД-19 може да биде опасен, дури и меѓу луѓето кои добро ги познаваат –вклучувајќи ги и членовите на семејството.
Бидејќи мерките за ограничување за КОВИД-19 се сега олабавени, и повеќе луѓе можат да се собираат во своите домови и јавни места, како што се хотели и ресторани, некои Австралијци не се држат на безбедно физичко растојание. Ова ги доведува во опасност другите, особено постарите членови на семејството, кои се поподложни да подлегнат на дејството на КОВИД-19, како и пошироката заедница.
Затоа, ве молам, ако одите на средба со пријатели за да испиете или каснете нешто, на јавно место или во нечиј дом, потрудете се тоа да го правите безбедно со одржување на соодветно физичко растојание.
Ви препорачувам да ја споделите оваа важна порака со членовите на вашето семејство, пријателите, соседите и низ целата заедница и вашите деловни врски.
Скокот на бројот на заразени во Викторија исто така нѝ укажува дека треба да се потрудиме да ги шириме клучните пораки за примена на безбедно физичко растојание и добра хигиена, како и преземање на апликацијата COVIDSafe, до заедниците каде што англискиот не е јазик на кој обично се зборува и чита.
Вложено е многу напор да се обезбеди нашите мултикултурни заедници да бидат секогаш во тек како напредува пандемијата на КОВИД-19.
На пример, клучните информации за помош на поединци, домаќинства и бизниси се преведени на 63 јазици.
Откако беше лансирана, интернет страницата КОВИД-19 информации на вашиот јазик била посетена повеќе од 900.000 пати.
Од почетокот на пандемијата, федералното Министерство за внатрешни работи, преку неговите службеници за врски со заедницата, остварило контакти со групи на мултикултурната заедница над 4.300 пати ширум земјата.
Покрај тоа, јасно е дека некои луѓе се загрижени во врска со тестирањето за КОВИД-19, иако за тоа нема потреба. Затоа дозволете ми да ги потенцирам неколку клучни елементи: тестирањето во респираторна клиника, финансирана од Австралиската влада и управувана од лекари на општа пракса, е сосема бесплатно и не ви треба Medicare картичка.
Пред нас стои долг пат до победата над КОВИД-19, и сега не е време за опуштање. Ве молам продолжете да ги почитувате мерките за физичко растојание и добра хигиена. И ве молам останете дома ако не се чувствувате добро.

Алисон Мекмилан,
Главен началник за
медицинска нега
и акушерство на
Австралиската влада

Останати вести