Леќа – 8000 години здрава традиција

Леќата припаѓа на групата мешунки, заедно со гравот и грашокот. Цветовите се бели, виолетови или бледо сини, од нив се развиваат мешунки кои содржат 1-2 семки.

Се одгледувала уште во камено време, а се претпоставува дека потекнува од југозападна Азија, од каде се шири низ Медитеранот, до Европа. Се претпоставува дека ова било првата храна која почнала да се одгледува. Пронајдена е пред 8000 години, а исто така, е пронајдена во гробниците на египетските фараони. Ја одгледувале и старите Грци и Римјани, а се спомнува и во Библијата.

Енергетска вредност на 100 грама сурова леќа изнесува 60% јаглехидрати, 25,8% протеини и 1% масти. Од минерали содржи калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, манган и селен, а од витамини-витамин Ц, тиамин, рибофлавин, витамин Б6 и витамин К. Поради високата количина на витамин Б-комплекс, позитивно влијае на нервниот систем, а железото помага во спречување на анемија.

Секогаш се купува во сува форма. При купувањето, бидете сигурни дека семките се целосни. Чувајте ја во затворен сад на ладно и суво место. Може да се подготви истиот ден кога се служи, бидејќи, за разлика од другите мешунки, не треба да впива вода. За полесно варење, ставете ја во жешка вода. Одлична е помешана со домати, кромид, лук, месни производи, маслиново масло и козјо сирење. Може да се служи како главно јадење, во форма на чорба или супа, но и во комбинација со тестенини, палента, салата и др.

Останати вести