Зелката се користи за лекување на разни заболувања, иако нашите баби најчесто ја користеле за облози и тоа не само за рани, туку и за болки во цревата и желудникот.
Зелката е нискокалоричен зеленчук кој содржи омега 3 масни киселини и лековити сулфурни материи кои заштитуваат од рак. Поради малиот број на калории, идеално решение е за оние кои сакаат да ослабат или на оние кои им треба помош околу диетата.
Зелката е вистинска храна за мозокот
Поради високата количина на витаминот К, како и на антоцијанини, зелката може да ги подобри менталните функции и концентрацијата. Покрај тоа, овие материи спречуваат уништување на нервите и ја јакнат одбраната од Алцхајмерова болест и деменција. Црвената зелка има поголема содржина од овие нутриенти од зелената.
Содржи минерал кој разубавува
Односно, зелката содржи сулфур кој помага во „сушењето” на масната кожа, па со тоа помага во спречувањето на појава на акни. На организмот му е потребен сулфурот за да создаде кератин, протеин кој е многу важен за убава коса, кожа и нокти.
Помага при детоксикација
Токму поради витаминот Ц и сулфурот, консумирањето на зелката помага при детоксикација, особено во елиминацијата на слободните радикали и мокрачната киселина. Овие токсини се главни причинители за појава на артитис, реума, како и болести на кожата.
Го регулира високиот крвен притисок
Поради високата содржина на калиум во зелката, нејзиното консумирање овозможува добра циркулација на крвта. Покрај тоа, зелката е добар извор на комплексни карбохидрати кои го успоруваат ослободувањето на шеќерот во крвта во текот на дигестијата.
Помага при главоболки
Дури и кај оние главоболки предизвикани од мамурлак, ќе ви помогне стариот добар начин: во газа ставете изгмечен лист од зелка кој како облога ќе го ставете на чело. Покрај тоа, сокот од кисела зелка може да ги спречи и оние хронични главоболки. Пијте околу 50 мл дневно за да има резултати.
Противвоспалителни својства
Во зелката се наоѓа глутамин кој е познат како антиинфламаторна аминокиселина. Поради него, консумацијата на зелката може да ги намали воспаленијата и иритациите, како и да ги намали симптомите на алергија, болки во зглобовите, па дури и кожните болести.