Лена Заткоска, македонската пејачка коja e родена во Мелбурн и долги години живее(ше) во Австралија имаше забележителен настап на годинешниот „Макфест 2016″, со баладата „Да сум твоја”, која наскоро ќе добие своја визуелизација.
Имено, пејачката го снимаше видеоспот за песната под режисерската палка на естрадниот фотограф и режисер Дарио Јанковиќ, во кој покрај Лена, главната машка улога ја игра Спасе Кликовац.
Како ќе изгледа видео приказната за „Да сум твоја” ќе можете да погледнете наскоро.
Спотот инаку е снимен на падините на Галичник, а во него ќе бидат прикажани дел од убавините на овој крај и неговата автентична природа, како и коњите со кои денес се развива селскиот туризам, а истите беа искористени за дел од приказната во видеозаписот.

