Според градоначалникот на Лезбос, островот се претворил во „концентрациски логор“

Градоначалникот на грчкиот егејски остров Лезбос, Спирос Галинос, изјави дека островот е преполн со мигранти.

На него во моментов се наоѓаат 6.000 од нив, а едвај 2.000 можат да бидат сместени, пренесува „ЕУ Обзервер”.
„Ние сме целосно против политиката што ги претвора Лезбос и другите гранични области во ‘концентрациски логори’, каде што на луѓето им е одземено достоинството”, изјави Галинос.
Нови 768 бегалци и мигранти пристигнале на грчките острови во првите шест дена од ноември. Податоците покажуваат дека не е намален приливот на бегалци од средината на август па досега. На островите во моментот има 15.125 бегалци, од кои најмногу на островот Лезбос.

Останати вести